Хесус Навас се пожали дека мора да ја напушти Севилја бидејќи никој од клубот не му понудил нов договор. Ниту Навас, ниту навивачите не се среќни, па затоа мораше да реагира претседателот на клубот. По бурата која се јави меѓу навивачите на Севилја дека Хесус Навас мора да го напушти клубот иако не сака, дојде и реакцијата на претседателот на клубот, Хозе Марија дел Нидо Караско.
Тој одржа прес-конференција пред стадионот кој го носи името на Хесус Навас, каде настапува резервниот тим на Севилја и му понуди на играчот да остане засекогаш.
„Чувствувам должност да ја истакнам позицијата на клубот кога е во прашање Хесус. Не би ми паднало на памет како личност, ниту како навивач на Севилја, ниту како претседател на клубот да и се спротивставам на најголемата легенда на Севилја. И овој стадион го доби неговото име и не сакам да влегувам во конфликти со него ниту јавно, ниту приватно. Но, не можам ни да дозволам да влезе во историјата дека Хесус не останува затоа што Севилјаа не го сака тоа. Ова е само недоразбирање и јас ја преземам одговорноста за тоа бидејќи знам дека Хесус е повреден. Тој останува во клубот и ќе му дадеме се што сака“, изјави првиот човек на Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

