Претседателот на Торино: Малку е веројатно дека ќе успееме да го ангажираме Елмас

Претседателот на Торино, Урбано Каиро во италијанските медиуми зборуваше за засилувањата ова лето. Еден од оние кои се споменува како можно засилување е Елиф Елмас, кој заминува од Лајпциг, и ќе бара нова средина ова лето.

Сепак, за Елмас, Каиро рече дека во моментов се далеку од договор, но и дека постојат шанси за ангажман до крајот на преодниот рок. Да потсетиме дека Лајпциг бара за него околу 18 милиони евра, или шест помалку отколку што даде за него откако го откупи од Наполи.

Новинар: Дали Елмас е затворено поглавје? Или има уште желба да се потпише со него?

„Да речеме дека имаме алтернативи и во нападот и на крилата. Но, ќе видиме. Трансфер пазарот секогаш крие изненадувања. Менаџерот е тој што ја крои екипата, и тој во моментов е задоволен од она со кое располагаме. Мора да работиме напорно да се осигураме дека овој тим ќе ги испорача резултатите кои ги очекуваме“, изјави Каиро.

Се вчитува...