Британскиот милијардер и сопственик на Тотенхем, Џо Левис е обвинет во САД за тргување со повластени информации.
Како што информираат американските медиуми, 86-годишниот Левис е обвинет по 19 точки за завера и измама со вредносни хартии, поради што му се заканува казна затвор од 25 години.
„Користеше повластени информации кои им ги давал на своите партнери, пријатели, лични асистенти.., што е измама и е против законот. Тие лица потоа тргувале со информациите заработувајќи милиони долари на берза“ – вели и државниот американски обвинител за округот Њујорк, Демијан Вилијамс.
Но, адвокатите на Левис порачаа дека „енергично ќе го бранат од лошо смислените обвиненија“. Левис е еден од најбогатите Британци, со имот вреден околу шест милијарди долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

