Македонската фудбалска репрезентација, како што беше и претходно најавено, ќе биде со ново „руво“ уште на престојните бараж пресметки за пласман на Светското првенство 2026.
Македонија во иднина ќе биде облечена во опрема на светски познатиот бренд „Адидас“, а претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ го најави новиот дрес со кој Македонија се очекува да игра на престојната бараж пресметка против Данска, на „Паркен“ стадионот во Копенхаген на 26 март.
Се очекува новата опрема на македонската репрезентација да биде официјално промовирана пред стартот на подготовките на националниот тим и на престојното Собрание на ФФМ кое е закажано за 21 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

