Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ е во Анталија каде ги следи подготовките на дел од македонските прволигаши.
По вчерашната набиена агенда, тој денеска го посети и подготвителниот камп на ФК Пелистер во Анталија, каде што клубот ги реализира зимските подготовки.
„За време на посетата беше остварена средба со раководството, стручниот штаб и фудбалерите, при што беа разменети мислења за тековните подготовки и амбициите на клубот“, соопштуваат од ФК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

