Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ денеска во Доха присуствуваше на состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА, кој работи под покровителство на ФИФА.
На состанокот беше присутен и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Комитетот, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има за цел унапредување и координација на развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри, како и тесна соработка со Интернационалниот олимписки комитет, околу сите прашања поврзани со фудбалот на Олимпијадата“ – порача претседателот Омерагиќ од Доха, притоа дополнувајќи:
„Горди сме што сме дел од процеси кои го обликуваат идниот развој на фудбалот на најголемата светска спортска сцена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

