Претседателот открива: Пола буџет на КК Партизан е од билети

Навивачите на Партизан се добро познати по пеколната атмосфера која ја прават на секој натпревар, но нивиот придонес не е само како „шестти играч“, туку од нив клубот има и голема финансиска корист.

Претседателот на „црно-белите“, Остоја Мијаиловиќ во разговор за Спорт Клуб откри дека речиси половина од буџетот на клубот доаѓа од билети, а и дека самиот тренер Жељко Обрадовиќ на годишно ниво сопствено издвојува околку 100 илјади евра.

„Жељко секоја година купува билети и плаќа 100 илјади евра од својот буџет. Ги откажав сите слободни билети за првиот ред. Само спонзори на клубот можат да купат билет во првиот ред и тие билети чинат околку 10 илјади евра за еден натпревар. Заработуваме околку 10 милиони евра од билети. Тоа е речиси половина наш буџет“, откри Мијаиловиќ.

Се вчитува...