Претседателот Туџман ни рече да бидеме амбасадори на земјата и ние продолживме да играме фудбал – Славен Билиќ раскажува за војната

Кариерата ја почна во Хајдук од Сплит сега е тренер на англискиот Вест Бромвич Албион. Тренерските води го носеа од хрватската репрезентација преку Локомотив Москва, Бешикташ, Ал-Итихад и ВБА каде што е сега. Во интервју за Скај, Билиќ раскажува за периодот на осамостојувањето на Хрватска, војната и животот кој го имал со неговото семејство.

„Имавме добар живот, да бидам искрен, но саквме своја држава и таа идеја се јави кога дојде до распадот на СССР. Во мојот град владееше воена атмосфера. Војната суштински беше 60-70 километри од Сплит, во него беше само две-три недели. Никој од моето семејство не беше во војска, а тогашниот претседател, Фрањо Туџман на нас спортистите ни рече дека треба да бидеме амбасадори на земјата и така продолживме да играме фудбал“ – раскажува поранешниот хрватски репрезентативец.

Играчката кариера на Билиќ траеше 12 години. И тренерската кариера ја почна во Сплит, а во 2017 година замина во Вест Хем каде што мина две години, потоа една сеозна во Ал-Итихад, а сега се обидува да го врати ВБА во Премиер-лигата.

„Тогаш сите кои можевме отидовме во странство. Ја заминав во Германија, некои отидоа во Италија, па и во Англија. Тоа се случуваше во раните 90-ти кога англиската лига не беше толку отворена за странци. Ние тогаш бевме амбасадори на Хрватска. Потоа почнавме да играме за репрезентацијата и бевме добри на Европското првенство во 1996 година со Давор Шукер, Звонимир Бобан и останатите од таа генерација. Гордо ја претставуваме нашата земја“ – вели Билиќ.

Се вчитува...