Претставникот на MКК Вардар: Бараме разрешување на Перо Антиќ

Интересно почна годишното собрание на Кошаркарската федерација на Македонија, откако на почеток не беше прифатен првиот предлог за Верификациона комисија и Дневен ред на актуелното раководство предводено од Перо Антиќ.

Претставникот на третолигашот MКК Вардар на Собранието, побара промена на Дневниот ред во кој се бара разрешување на претседателот Перо Антиќ и Управниот одбор на федерацијата.

„Согласно член 44 од деловникот за работа на ова собрание предложувам измени и дополнување на днвениот ред. Како точка 5 на Дневен ред предлагам разрешување на претседател на КФСМ. Точка 6 предлагам разрешување на Управен одбор. ТОчка 7 предлагам разрешување на надзорен одбор. Согласно член 5 од Стату барам разрешување на претседателот, бидејќи на 23.9.2023 година имаше шпекулации за легитимитетот на претседателот. Ќе наведам факти зошто се оспорува: Како членки на тоа собрание се вработени во тоа време на КФСМ (Горан Тркушевски, Славјанка Вирановска, Александар Димитровски, Мирче Ивановски, Томе Дишлиев, Марјан Србиновски, Ѓорги Чековски, тука е и таткото на Перо Антиќ како претставник на РАботнички. Онаа приватна забава со верификациска комисија во состав, Зоран Антиќ, ГОран Георгиевски и Мирко Ивановски завериле полномоштва на сите членки. За точка број 6 разрешување на управен одбор образложение е финансискиот извештај за 2023 година (Расходната ставка брои 130 милиони денари)“, изјави претставникот на МКК Вардар. 

Се вчитува...