Фудбалската федерација на Македонија денеска одржува редовно изборно собрание на кое Масар Омерагиќ ќе добие доверба од делегатите за продолжување на мандатот за прв човек на Куќата на фудбалот.
На собранието свое обраќање имаа и претставници од ФИФА и УЕФА. Во име на Светската куќа на фудбалот говореше Мерион Габат која кажа дека стои позади новиот претседател на ФФМ.
„Почитувани присутни. Тука сум денеска во Скопје во име на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино кој ви испраќа топли поздрави. Денеска е историски момент за македонскиот фудбал бидејќи ќе добиете нов претседател. Под лидерство на Омерагиќ има јасна визија за фудбалот во Македонија. ФИФА стои цврсто зад него и продолжување на растот на македонскиот фудбал. ФИФА елосно ја подржува желбата на претседателот за промена на Статутот. ТОа ќе промовира транспарентност и усогласеност со меѓународните начела. Ви посакувам многу среќа во квалификациските мечеви против Лихтенштајн и Велс за пласман на СВетското првенство 2026 година. ВО соработка со ФИФА заедно работиме за подобрување и развивање и на машкиот и на женскиот фудбал“, Мерион Габат.
Во името на Европската куќа на фудбалот говореше Лука Никола.
„Голема чест е денеска што сум тука и да се обратам во име на УЕФА. Ќе започнам со најтопли поздрави од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Како една од најмладите членки на УЕФА, многу брзо оставивте голема трага во светскиот фудбал со пласманот на ЕП во 2021 година, како и тоа што бевте на чекор до пласман на СП во 2022 година. Преку новата шест годишна стратегија на УЕФА ќе се вложат 1 милијарда евра во женскиот фудбал во 2025 година. 250 милиони евра ќе отидат во клубовите кои не се во топ 5 лигите во Европа, меѓу кои и за клубовите во Македонија. ВО името на Омерагиќ имате лидер со јасна визија за иднината на мак-фудбалот“, изјави Лука Никола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

