Расмус Холјунд го засили нападот на Манчестер Јунајтед по трансфер вреден 75 милиони евра од редовите на Аталанта. Данецот беше претставен пред преполниот „Олд Трафорд“, а еден детал од промоцијата откри и други планови на „црвените ѓаволи“.
Имено, младиот голгетер беше претставен без број на неговиот дрес со што ги мотивираше англиските медиуми подетално да истражуваат. Холјунд во Аталанта го носеше дресот со број „17“, додека во претходниот клуб, Штрум бројот „9“, два броеви кои во моментот се зафатени.
А, очекувањата се дека наскоро барем еден од нив ќе се ослободи. Бројот „17“ му припаѓа на Фред кој е блиску до излезните врати на клубот, слично како и Ентони Марсијал во чија сопственост е бројот „9“. Дебито на Хојлунд се очекува на 14. август кога и конечно ќе биде разрешена дилемата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

