Петра Квитова на неславен начин ја заврши својата одлична кариера откако беше елиминирана во првото коло од УС Опен, и тоа од Французинката Дајан Пери со преубедливи 1-6, 0-6.
Квитова од претходно најави дека турнирот во Њујорк ќе биде последен за неа во кариерата, но поранешната гранслем-шампионка сигурно се надеваше на далеку подобар исход од денешниот. Таа настапи на осум турнири откако во февруари годинава реши да се врати на тенисот, притоа забележа само една единствена победа, што беше јасен знак дека е предалеку од формата по која беше препознатлива со години наназад.
Квитова ја заврши кариерата со 31 трофеј на ВТА-турнирите и два гранслем пехари, на Вимблдон во 2011 и во 2014 година.
2x Grand Slam champion.
6x Billie Jean King Cup champion.
31x WTA champion.Bidding farewell to the iconic @Petra_Kvitova ✨ pic.twitter.com/qT3bR45TSS
— US Open Tennis (@usopen) August 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

