Со одигрувањето на последното есенско коло во Третата фудбалска лига – Југ завршија натпреварите во сите пет лиги. Познати се и сите есенски прваци. Тоа се: Караорман /Југозапад/, Еуромилк /Север/, Камјани од Камењане /Запад/ и Победа од Валандово /Исток/ Фудбалерите на Превалец, кои гравитирааат од една населба во близината на Велес се последни кои ја освоија оваа титула, на големо изненадување пред поранешниот прволигаш Борец и најголем кандидат за враќање во Втората лига.
До последното есенско коло се водеше голема борба за титулата меѓу овие две екипи, во финишот со подобра гол разлика за пет гола победи Превалец / 49:8/ пред Борец/42:7/ иако и двата клуба имаа освоено по 31 бод.
Интересен настан се случи на мечот меѓу Дреново и Превалец кој одлучуваше за првото место. Средбата беше прекината во 70 минута при резултат 8-1 за Превалец бидејќи поради два црвени картони и повреди на играчите, Дреново остана само со шест фудбалери на теренот. Со овој резултат Натпреватувачката комисија ја регистрира оваа средба.
Еве ги другите резултати од последното коло во Третата лига-југ.
Влазними-Млекар 0-1
Тополка-Росоман 0-3
Борец- Бучим 4-0
Венец-Младост 2-0
Башкими-Питу Гули 1-0
Само во Третата лига Север сите екипи што го започнаа првенството, ги одиграа сите есенски натпревари. Слога од Лажани /Југ/. Велешта јунајтед /Југозапад/, Зајази /Запад/ и Вардарски /Исток/ се откажаа во текот на првенството, најмногу поради немање на доволен број фудбалери и недостаток на финансиски средства.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

