Превц доминантно и во Гармиш Партенкирхен

Домен Превц продолжува да доминира на новогодишната турнеја на четирите скокалници. По триумфот во Оберстдорф, брилијантниот Словенец го прослави првиот ден од Новата година во Гармиш Партенкирхен.

Првиот скок беше на 143, вториот на 141 метар, доволно за 303,1 бод и уште една убедлива победа. Ова беше негова седма победа оваа сезона. Втор беше Австриецот Јан Херл, кој достигна 287,7 бода, што беше дури 15,5 бода помалку од одличниот Превц.

Неговиот сонародник Стефан Ембахер се искачи на најниското место на подиумот со вкупно 287,1 бод. Превц убедливо води во генералниот пласман на турнејата, а секако и на Светскиот куп. Следното натпреварување во рамките на турнејата се одржува во Инсбрук на 4 јануари.

Се вчитува...