На нешто повеќе од 40 дена до третото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат 2019“, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ ја презентираше комплетна програма. На 31. мај, 1. и 2. јуни градот Охрид, граѓаните и многуте гости ќе пулсираат во ритамот на спортот и забавата.
Годинашната програма на „Ohrid running weekend“ ќе започне со ноќна трка од 2 километри, а потоа следува „паста парти“ забава. На 1. јуни, сите пријавени ќе ги подигнуваат стартните пакети и ќе се презентира трката. На 2 јуни, на програмата е главниот настан кој ќе ги раздвижи улиците на Охрид. Потоа, следува голема забава на градскиот плоштад.
„Ohrid running weekend претставува вистинско освежување за сите нас кога станува збор за спортско – туристичката понуда на Охрид и Македонија. Ова е туристички производ кој со ваков концепт претставува новина во Македонија, па и пошироко на Балканот. Ние сме убедени дека оваа наша визија ќе биде претпознатлива како во нашата држава така и во многу држави од светот и на таков начин во текот на годините ќе успееме да привлечиме многу бенефити како за самиот град и нејзините граѓани така и за самата држава. Спортот е светски социјален феномен и кога ќе го споите со музика, култура, едукација добивате хемиски резултат со таква позитивна енергија која е „вин вин“ ситуација за нашата заедница и општество“ – изјави директорот на „Ohrid running weekend“, Иван Цветкоски.
Како најава за „Ohrid running weekend“ се училишна и детската трката кои никој од присутните не останува рамнодушен. Асоцијацијата има уште неколку новитети и изненадување, а на вас останува да се пријавите и да ги откриете.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА