Алан Рушел, еден од тројцата фудбалери на Чапекоенсе кои ја преживеаја авионската несреќа во ноември 2016 година, во која настрадаа 19 негови соиграчи и членови на стручниот штаб, доби нов договор во клубот.
Од Чапекоенсе соопштија дека го продолжуваат договорот со 28-годишниот дефанзивец до 2020 година.
„Ова не е сожалување кон него, туку нешто што си го заслужи. Алан се соочи со најголемиот предизвик во животот и успешно го надмина“ – изјави директорот на Чапекоенсе, Руи Коста.
Рушел се врати на терен на пријателскиот натпревар со Барселона, во август минатата година, девет месеци по трагедијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА