Преживеаниот фудбалер на Чапекоенсе доби нов договор

Алан Рушел, еден од тројцата фудбалери на Чапекоенсе кои ја преживеаја авионската несреќа во ноември 2016 година, во која настрадаа 19 негови соиграчи и членови на стручниот штаб, доби нов договор во клубот.

Од Чапекоенсе соопштија дека го продолжуваат договорот со 28-годишниот дефанзивец до 2020 година.

Ова не е сожалување кон него, туку нешто што си го заслужи. Алан се соочи со најголемиот предизвик во животот и успешно го надмина“ – изјави директорот на Чапекоенсе, Руи Коста.

Рушел се врати на терен на пријателскиот натпревар со Барселона, во август минатата година, девет месеци по трагедијата.

Се вчитува...