Немања Прибак токму пред камбекот во македонската репрезентација за време на ЕХФ-неделата потврди дека се наоѓа во извонредна форма, откако попладнево одигра фантастичен меч за Бешикташ против украинскиот првак Мотор.
Дуелот заврши без победник, 28-28, а најзаслужен што Бешикташ не претрпе пораз беше токму Прибак кој дури 13 пати ја затресе мрежата на Мотор, на тоа додавајќи и неколку одлични асистенции до соиграчите.
Мечот беше максимално драматичен, Украинците на помалку од дваесет секунди до крајот поведоа со 27-28 преку Козакевич, за Бешикташ сепак да спаси бод со голот на Вражалиќ на седум секунди до крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА