Немања Прибак со турскиот првак Бешикташ го победи Металург во Скопје и ја запиша првата победа во ЛШ сезонава, по стартниот пораз од Татран Прешов. Македонскиот репрезентативец постигна три гола во победата на својот тим, а на прес-конференцијата по натпреварот Прибак ги сумираше впечатоците и му посака на Металург да ја преброди ситуацијата.
„Металург во овој момент е во една специфична ситуација, не така добра како што беше порано. Му посакувам усшех и се надевам дека ќе ги надминат сите проблеми во иднина. Бешиктас денеска одигра еден просечен натпревар, ништо спектакуларно. Но, сепак покажавме дека сме добра екипа и дека имаме свои шанси во Лигата на шампионите“ – рече Немања Прибак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА