ЕКИПА во Загреб,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Феноменален е стартот на Македонија на ова Европско Првенство, но нашите ракометари се свесни дека ова е само почеток на едно долго натпреварување во кое пред себе ќе имаат уште многу предизвици како оној синоќешниот со Словенија. Немања Прибак го имаше својот камбек во репрезентативниот дрес по повеќе од 18 месеци и добро си ја заврши задачата, давајќи свој придонес во победата.
„Победата е навистина значајна и многу драга бидејќи дадовме се од себе и победивме силен противник, земја што е трета во светот од ланскиот мундијал. Сепак, нема потреба да се прави еуфорија бидејќи ова е само еден меч, прв од неколкуте на европскиот шампионати, мораме да останеме скромни, да работиме напорно и да продолжиме во ист стил и на следните натпревари“ – изјави Прибак.
Грубата игра на Словенија не беше никакво изненадување за Прибак, кој има настапувано за Веселин Вујовиќ во дресот на Вардар.
„Знаеме што не очекува, колку грубо ќе играат Словенците, па и бевме подготвени за тоа. Затоа и ние игравме агресивно во нападот, не се исплашивме од тие дуели. Презадоволни сме, но нема време за одмор бидејќи веднаш на ред е Црна Гора“ – порачува Немања Прибак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА