Немања Прибак го имаше тој малер да заработи повреда на еден од тренинзите минатата седмица, поради што ги пропушти и контролните натпревари со Саудиска Арабија и со Србија.
Членот на Бешикташ по божиќните празници тренираше со остатокот од националниот тим, но очигледно е дека е уште се мачи со оток на скочниот зглоб.
„За жал, се случи таа повреда поради која не сум 100% подготвен. Се уште има мала болка, но мојот став останува идентичен, ќе сторам се за да играм на ЕП. Сепак, конечниот збор ќе го има селекторот“ – порача Прибак по вечерашниот последен тренинг на ракометарите пред утрешното тргнување за Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА