Прибак се врати на тренинзи, ситна повреда на Филип Лазаров

Македонската ракометна репрезентација, по божиќните празници, денеска ги продолжи подготовките за настапот на Европското првенство во Хрватска.

На првиот тренинг по паузата повторно во стројот на Раул Гонзалес се врати Немања Прибак, кој поради повреда на зглобот ги пропушти пријателските дуели со Саудиска Арабија и со Србија минатата недела. Прибак се врати, но денешниот тренинг го пропушти Филип Лазаров кој има ситна повреда на грбот.

rep.ma makedonija-rakomet-08.01 (9)

„Прибак се врати, но се одлучивме да му дадеме пауза на Филип Лазаров поради повреда на грбот, затоа што не сакавме непотребно да ризикуваме. Сепак, многу брзо го очекуваме назад на тренинзите… Токму поради овие несакани ситуации со малите повреди на одредени репрезентативци се уште не сакам да го објавам конечниот список на патници за Европското првенство во Хрватска“ – ни изјави селекторот Гонзалес пред денешниот тренинг на националниот тим.

Се вчитува...