Интер успеа да заврши фантастична работа летово, веќе се доведени неколку квалитетни засилувања без никаква отштета, а италијанскиот првак денеска осигура уште еден супер-значаен потпис – за нов договор со Лаутаро Мартинез.
Аргентинскиот голгетер со години наназад е клучен фудбалер на „нероаѕурите“, во последните години за него постоеше интерес од бројни европски гиганти, но Лаутаро секогаш истакнуваше дека приоритет му е да остане на „Џузепе Меаца“. Преговорите се одолговлекоа, но на крајот беше постигнат целосен договор, па Мартинез ќе остане член на Интер до јуни 2029, за плата од девет милиони евра по сезона.
„Горд сум што останувам овде уште долго, нешто што отсекогаш беше моја желба. Сега кога ова е завршено, се насочуваме со мислите кон настапите на теренот. Форца Интер“, порача Мартинез по потписот на договорот.
Тој е член на „нероаѕурите“ од 2018 година, оттогаш постигнувајќи вкупно 129 гола за Интер во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА