Само неколку часа пред да доживее дебакл од Џоана Конта (1-6,1-6) во првиот меч по финалето на Вимблдон, на стартот од турнирот во Сан Хозе, Серена Вилијамс дозна дека од затвор е пуштен човекот кој ја уби нејзината полусестра.
31-годишната Јетунде Прајс беше убиена во својот дом во 2003 година. Роберт Максфилд во 2006 доби затворска казна од 15 години, а неодамна беше пуштен поради добро однесување…
„Не можев тоа да го исфрлам од глава. Кога дознав не можев да играм тенис. Тоа само ме мачеше. Што и да се случи знам дека мојата сестра нема да се врати поради добро однесување. Тоа не е чесно. Таа никогаш нема да има можност да ме прегрне, а тој…, тој…“ – вели Серена во интервјуто за „Тајм“ и дополнува:
„Како и да е, сакам да простувам. Тоа ќе ја учам и мојата ќерка Олимпија. Мора да дојдам до тоа, и ќе дојдам некако до тоа, иако не можам во моментов“.
Серена сепак во Синсинати заигра подобро и во првото коло славеше против Гаврилова, а потоа во тесен натпревар загуби од Петра Квитова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА