„Придавката Пеле“ официјално во португалскиот речник

Пеле сега и официјално влезе во португалскиот речник на Бразил како придавка, објави Ројтерс.

Беше извонреден, необичен, додека танцуваше на светските терени, а отсега неговиот прекар кој го прослави фудбалот и официјално ќе значи токму тоа – „извонреден“.

Станува збор за можеби најголемиот фудбалер на сите времиња – Едсон Арантеш до Насименто или едноставно и на сите добро познат – Пеле.

На почетокот на овој месец, „Фондацијата Пеле“ и СпорТВ ја започнаа кампањата „Пеле во речник“ за да му оддадат почит на големиот Бразилец и да го препознаат неговото наследство во други области освен спортот.

Бидејќи кампањата брзо достигна повеќе од 100.000 потписи, името на поранешната легенда, која почина во декември, сега е во речникот.

„Пеле – е или некој кој е извонреден или кој по квалитет, вредност или супериорност не може да се рамни со ништо или никого – исто како Пеле“, е новиот запис во речникот што беше претставен на Спортскиот самит во Пакамбу, во Бразилската држава Сао Паоло.

Примери: „Тој е Пеле на кошарката“, „Таа е Пеле на тенисот“, „Таа е Пеле на бразилската драматургија“, „Тој е Пеле на медицината“.

Се вчитува...