Аргентинскиот кошаркар Пабло Приџoни реши да стави крај на својата фантастична кариера и на 39-годишна возраст да каже збогум на кошарката. Извонредниот бек минатиот месец потпиша договор со Басконија, не успеа да се снајде во овој клуб, по што ја донесе одлуката за завршување на кариерата.
„Мојата глава и телото веќе ја немаат онаа сила, која јас како спортист сакам да ја имам за да играм на највисоко ниво.Никогаш не сум сонувал дека можам да стигнам волку далеку, достигнав граници кои никогаш не ги ни замислував“ – порача Приџони преку својот твитер-профил.
Аргентинецот поголемиот дел од својата кариера го мина во Шпанија, настапувајќи за Баскија и за Реал. Тој настапуваше и во НБА-лигата, носејќи го дресот на Њујорk, Хјустон и на ЛА клиперс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА