Приходите од фудбалот во минатата сезона биле 27,6 милијарди

Приходите на европскиот фудбалски пазар во сезоната 2020/21 пораснале за 10%, и изнесуваат 27,6 милијарди евра, и покрај делумното отстуство на публика на стадионите, се наведува во извештајот околу финансиите во фудбалот на Секторот на анализа за спортско работење на ревизорската куќа „Дилојт“.

Приходите во сезоната 2019/2020 изнесувале 25,2 милијарди евра.

„Силното опоравување во погледот на приходите на европскиот пазар, кои во сезоната 2019/2020 биле помали првпат после една деценија поради коронавирусот, поттикнат е од одложените приходи на ЕП 2020 година, кое е одржано минатата година“, се наведува во соопштението.

Приходите во петте големи првенства, кои имаат дури 57% уддел на фудбалскиот пазар, пораснаа за 3% и изнесуваат 15,6 милијарди евра.

Премиерлигата била една од големите пет која пријавила подобар вкупен профит, кој кумулативно поразнал за 55 милиони евра.

Се вчитува...