Пријателска во Келн: Белгија ја порази Германија (ВИДЕО)

Еден од најголемите фаворити за освојување на Европското првенство идната година, селекцијата на Германија денеска беше шокирана од Белгија на домашен терен во пријателски натпревар.

Белгијците со речиси нова генерација успеаја да победат силна селекција, и така да покажат дека и натаму се добра селекција, и покрај многуте откажувања после Мундијалот во Катар.

Уште во првите девет минути Белгијците имаа предност од 0-2. Караско во 6. минута донесе предност, а Лукаку во 9. минута зголеми на 0-2. Филкруг во 44. минута од пенал успеа да намали.

Во вториот дел асистентот на првите два гола Де Брујне, се запиша во листата на стрелците во 78. минута кога зголеми на 1-3, а Гнабри само успеа да го ублажи поразот.

Се вчитува...