Една од селекциите фаворити за идниот Мундијал репрезентацијата на Англија, беше шокантно поразена од Јапонија на пријателски натпревар на Вембли со 0-1. И покрај тоа што го имаа повеќе поседот на топката, сепак, Англичаните на крајот мораа да се помират со пораз, благодарение на голот на Митома во 23. минута од средбата.
Откако доби топка од Накамура, Митома успеа да донесе предност, што на крајот беше конечен резултат на средбата.
Англија и покрај тоа што доминираше, не успеа да направи ниту една голема шанса, и ова е лекција за избраниците на Томас Тухел пред Светското првенство.
Изненадување направи и Египет, кој со играч помалку одигра нерешено без голови против Шпанија на гости. Шпанците не ги искористија своите шанси, и на крајот мораа да се задоволат само со реми.
Од другите пријателски средби, Украина ја победи Албанија со 1-0, додека Велс и Северна Ирска одиграа нерешено 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

