Пријателски: Борусија Д. го победи Ајакс, Јунајтед се спаси од пораз од Билбао (ВИДЕО)

Во пријателски натпревар одигран во Дортмунд, Борусија славеше триумф над Ајакс со 3-1. За тимот на „милионерите“ блескаше Феликс Нмеча кој постигна два гола. Нмеча дојде како замена за Џуд Белингем кој замина во Реал Мадрид.

Борусија поведе со голот на Бранд во 6. минута. Броби веќе во 7. минута успеа да израмни.

Нмеча првиот гол го постигна во 54. минута, а четири минути подоцна и вториот за конечен триумф на „жолто-црните“. Инаку Нмеча влезе во игра на полувремето.

Во Даблин се одигра и пријателски натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Атлетик Билбао. Заврши без победник 1-1. Билбао водеше со голот на Вилијамс, а Јунајтед се спаси во последните секунди со голот на Пелистри. 

Се вчитува...