Фудбалерите на Брера славеа со 2-1 на пријателскиот дуел со второлигашот Пелистер, меч што беше решен буквално во последните моменти.
Имено, струмичани први дојдоа во водство со погодокот што го постигна Рибаудо во 62. минута, а само осум минути подоцна битолчани израмнија со пеналот што го реализираше Здравевски. И кога се очекуваше овој дуел да заврши без победник, Крстевски се најде на вистинското место во 94. минута и му донесе победа на тимот на Брера.
Прволигашите Брегалница и Македонија ЃП ремизираа 1-1 на пријателскиот натпревар одигран во Штип. Фазли по само пет минути игра ги донесе гостите од Скопје во водство, а Брегалница израмни уште во првото полувреме преку Калпачки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА