Селекцијата на Србија имаше одлична увертира пред почетокот на ЕВРО 2024 во Германија, откако вечерва ја совладаа Шведска на гостински терен во Стокхолм со убедливи 0-3, во меч во кој Златан Ибрахимовиќ му кажа збогум на фудбалот.
Србите со исклучок на последните 20 минути, доминираа во текот на целиот меч, и дојдоа до победата. Милинковиќ-Савиќ во 18. минута од средбата успеа да донесе предност за Србија. Во 60. минута погоди Александар Митровиќ, додека Душан Тадиќ во 70. минута успеа да ги постави конечните 0-3.
Во финишот Шведска имаше голем број на шанси, но не успеа да дојде до погодок.
Успешна увертира пред ЕВРО имаше и селекцијата на Унгарија, која со 3-0 ја совлада репрезентацијата на Израел. Швајцарија и Австрија одиграа „контрола“ без победник 1-1, додека со истиот резултат заврши и „тестот“ меѓу Словенија и Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

