Додека се уште трае Светското првенство во Катар, дел од најсилните клубови во Европа веќе почнаа со контролните натпревари пред продолжувањето на сезоната во своите лиги.
Италијанскиот калчолигаш Интер во пријателски натпревар со убедливи 4-0 беше подобар од австрискиот шампион Салцбург. Хенрик Мкхтаријан уште во 20. минута донесе водство од 1-0 за „нероаѕурите“, додека до крајот на првиот дел веќе беше и 2-0 со погодокот на Ачерби во 42. минута.
Во второто полувреме со автоголот на Бернардо во 72. минута Интер поведе со 3-0, додека конечните 4-0 ги постави Карбони во 91. минута.
Во истиот термин пријателски меч играше и Фиорентина која со убедливи 9-0 го совлада боливискиот Олвејс Реди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА