Франција ја совлада селекцијата на Бразил со 2-1 во пријателски натпревар одигран во САД. Победата на Франција има уште поголемо значење ако се знае дека е остварена со играч помалку, откако од 55. минута беше исклучен Упамекано, при предност од 1-0.
Мбапе во 32. минута на асистенција на Дембеле го отвори резултатот, а потоа и со 10 играчи, во 65. минута Екитике зголеми на 2-0.
До крајот на мечот Бремер само успеа да намали, но Бразил не го избегна поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

