Денеска се одиграа неколку пријателски натпревари низ нашата земја. Клубовите ја искористија репрезентативната пауза, па пробуваа разни варијанти пред продолжението на првенството.
Македонија ЃП на свој терен ја совлада екипата на Вардар со 2-0. Стрелци на головите беа Филип Алексовски и Лемос во првиот дел.
Екипата на Беласица успеа со гол во 88. минута да биде подобра од тимот на Брегалница. Во ист момент во Струмица на СЦ Пандев играа Силекс и Академија Пандев, а на крајот кратовци славеа со 3-2. Мечот не се играше стандарно 2х45 минути, туку 4х30 минути. Кратовци имаа предност од 0-3, а потоа „пандевци“ само намалија и го ублажија поразот.
Шампионот Шкупи славеше над тимот на Пехчево со 2:1 во меч одигран на теренот во Сингелиќ. Во Кавадарци се играше пријателски меч меѓу Тиквеш и Детонит, кој заврши нерешено 1:1.
Скопје со убедливи 7:1 го совлада составот на Борец. Творец на триумфот беше Азер Омерагиќ кој постигна три гола. Три гола, но во дресот на Струга даде Абдулхади Јахја во победата на тимот на Струга ТЛ против Караорман со 8:1. Екипата на Беса со 3:2 го совлада тимот на Влазерими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА