ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ: Сенегал ја шокираше Англија, Грција убедлива против Бугарија

Вечерва ширум Европа се одиграа и неколку пријателски натпревари, во кој најинтересен беше оној во Нотингем каде Англија со новиот селектор Томас Тухел имаше неубедлив старт, и загуби од Сенегал со 3-1. Пред неколку дена Англичаните едвај со минимални 0-1 го совладаа тоталниот аутсајдер Андора.

Англија одлично тргна во мечот, и преку Кејн поведе со 1-0 во 7. минута. Сар во 40. минута донесе израмнување, а Диара и Сабали во вториот дел ја потврдија победата на Сенегалците.

Грција во меч во Крит ја совладаа Бугарија со 4-0. Сите четири гола Грците ги постигнаа во вториот дел. Пелкас во 51. минута донесе предност, Јоанидис во 66. минута зголеми на 2-0, а потоа Цолис и Константелиас донесоа убедлив триумф.

Израел со 1-0 ја совлада Словачка во Дебрецен, додека Луксембург и Ирска одиграа без голови. Северна Ирска го совлада Исланд со 1-0.

Се вчитува...