Во пријателски натпевар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, екипата на Шкендија со 2-1 го совлада тимот на Тиквеш со 2-1, после пресврт.
Кавадарчани водеа уште во 10. минута со голот на Тасев. До крајот на полувремето Шала успеа да израмни. Во вториот дел Бесарт Ибраими погоди во 54. минута за пресврт и за 2-1 триумф на тетовскиот тим.
Пријателски меч се одигра и помеѓу Беса и Арсими, кој го доби прволигашот со 4-2. Шефити постигна два гола, а по еднаш за победничкиот тим стрелаа Незири и Фетаи. За Арсими стрелци беа Белули и Цуцули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА