Пријателски мечеви: Шкендија со „петка“ во мрежата на Башкими, Вардар подобар од Големо Коњари

Прволигашите и натаму ќе бидат на пауза од првенството. Требаше овој викенд да се одиграат мечевите од 10. коло, меѓутоа истите се одложени поради локалните избори. Токму од тука дел од прволигашите го искористија периодот да играат контролни натпревари.

Шкендија денеска во Тетово играше против Башкими, и победи со 5-1. Натпреварот се играше 120 минути на барање на двајцата тренери. Крстевски во 34. минута го отвори резултатот, потоа Ибраими од пенал во 42. минута зголеми на 2-0. Автоголот на Личина ја однесе Шкендија до предност од 3-0, а Јакупи во 107. минута стрелаше за 4-0. Саити намали на 4-1, а Спахиу во 114 минута ги постави конечните 5-1.

Вардар, пак, гостуваше во Големо Коњари, и победи со 4-0. Головите за скопските „црвено-црни“ беа дело на Ворен, Талески, Бајо и Спахиу.

Се вчитува...