Репрезентацијата на Србија загуби на првиот контролен натпревар пред настапот на ЕВРО 2024. Србите беа поразени во Виена од Австрија во крајно лошо издание на избраниците на Драган Стојковиќ – Пикси на стартот од мечот.
Уште во првите секунди се направи опасна ситуација пред голот на Србија, а потоа во 11 и во 13 минута два „шокантни“ гола за гостите. Вимер во 11 минута ја донесе Австрија во предност, а Баумгартнер во 13. минута зголеми на 2-0. Страхиња Павловиќ во 35. минута успеа да намали, меѓутоа до крајот на мечот Србите не успеаја да дојдат и до втор гол со кој би го избегнале поразот.
Португалија со 4-2 го совлада составот на Финска, и покрај тоа што во составот го немаше Кристијано Роналдо. Головите за Португалија ги постигнаа Диаш, Жота од пенал и два Бруно Фернандеш. За Финска двоен стрелец беше Пуки.
Ирска ја изненади Унгарија и ја победи со 2:1. Идах во 46. минута донесе предност за Ирците, а Ланг израмни во 40. минута. Ирска дојде до победата во 92. минута преку Перот.
Романија и Бугарија одиграа без голови на мечот во Букурешт, иако Романците промашија и пенал. Швајцарија со 2-1 ја совлада Ерменија, а Швајцарија со 4-0 беше убедлива против Естонија.
Во Болоња, Италија и Турција одиграа неинтересен натпревар кој заврши без голови. Италија во 93. минута имаше шанса преку Распадори, но не реализираше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА