Фудбалерите на Борец славеа со 2-1 против грчкиот третолигаш Аполон Серес на денешниот пријателски натпревар во Грција.
Стрелци на головите за велешани беа Радовиќ и Прелчец, во натпревар во кој македонскиот тим целосно доминираше на теренот.
Претходно, на првиот тест во Грција, Борец го победи и Килкисиакос со 3-0.
Њу Старс ремизираше со Скопје
ФК Њу Старс од Ѓорче Петров ремизираше (1-1) со второлигашот Скопје на пријателскиот натпревар кој го одигра на домашен терен.

Тимот од Автокоманда поведе со голот на Филип Петковски во 15.минута, а Њу Старс дојде до конечни 1-1 со голот на Николовски во 60. минута од средбата.
Саса и Осогово ремизираа во Македонска Каменица
Пријателски натпревар денеска во Македонска Каменица одиграа и второлигашите Саса и Осогово, без победник (2-2).
Домашните имаа предност со голот на Здравков и автоголот на Ангеловски, а стрелци на головите за кочанци беа Каклински и Паунов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

