Фудбалерите на Борец на последниот подготвителен натпревар пред продолжението од сезоната јасно ја демонстрираа сопствената определба за место во Првата македонска фудбалска лига од следната сезона.
Велешани на пријателскиот натпревар против Гоблен славеа убедливо со 5-0. Хет-трик постигна Ѓоргиевски, а по еднаш противничката мрежа ја тресеа и Христов и Ѓоргиев.
Борец на денешниот дуел против Гоблен настапи во следниот состав: Јолдашев, Мирчевски, Иловски, Стојковски, Ефтимов, Коцев, Николовски, Петров, Христов, Ѓоргиев и Ѓоргиевски. Уште играа и: Јаневски, Ивановски, Манасиев, Атанасов, Тодоров, Ричков и Чичевски.
Детонит јуниор подобар од Осогово
Фудбалерите на Детонит јуниор од Радовиш со победа ги заокружија зимските подготовки пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.
Детонит јуниор во последниот тест дуел пред продолжението на првенство денеска во Кочани славеа против третолигашот Осогово со 1-2 (1-1).
Домашните повеле со голот на Андреј Рајатоски, но гостите потоа со два погодоци, по еден во двете полувремиња, стигнаа до триумфот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА