Актуелниот првак Челси се радуваше на победа од 2-1 во лондонското дерби против Арсенал на пријателскиот натпревар во пресрет на новата сезона.
„Сините“ на Тухел поведоа во 26. минута од натпреварот преку Каи Хавертз, а изедначување за „топџиите“ донесе Гранит Џака по корнерот на Пепе. Конечните 2-1 ги постави Тами Абрахам во 72. минута од натпреварот по грешката на одбраната на домаќините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА