ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Гостивар ја победи Слога, Охрид подобар од Караорман

Фудбалерите на Гостивар триумфираа над Слога Виница во пријателскиот натпревар одигран денеска во Гостивар.

Прволигашот беше подобар, победувајќи со 2-0 со головите на Ивановски во 65. минута и на Атиемвен во 59. минута од средбата.

И фудбалерите на Охрид запишаа победа на тест-дуелот против струшки Караорман, тримфирајќи со 1-0 со голот на Филип Димоски.

Пелистер и Победа одиграа натпревар без голови на меѓусебната пријателска пресметка.

Се вчитува...