ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Јувентус подобар од Атланта, Жиру му донесе победа на Милан со Панатинаикос

Јувентус славеше со 3-1 над Аталанта во последниот контролен натпревар пред стартот на новата сезона во Серија А. Пауло Дибала донесе водство за тимот од Торино во 8. минута. Аталанта преку Муриел од пенал израмни на 1-1 во 18. На 2-1 зголеми Бернардески со феноменален гол во 39. минута, додека конечните 3-1 ги постави Мората во 93. минута.

Оливие Жиру со два гола му донесе триумф на Милан над Панатинаикос со 2-1.

 

Се вчитува...