ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Кит-Го со „лекција“ за Беласица, реми на Струга ТЛ и Гостивар

Сосема неочекувано лидерот во Втората лига – Исток, струмичка Беласица доживеа убедлив пораз од 1-3 (0-1) на пријателскиот натпревар против третолигашот Кит-Го кој се одигра во Дојран.

Но, амбициозниот Кит-Го сосема заслужено стигна до триумфот најавувајќи ја желбата и за влез во второлигашкото друштво од следната сезона. Два гола за Кит-Го постигна Мариќ а еден Дуовски, додека единствениот гол за Беласица беше дело на Горан Здравков од пенал.

Кит-Го за време на своите подготовки во Дојран планира пријателски средби и со Кожув, Еуромикл ГЛ, Македонија ЃП и Осогово.

РЕМИ БЕЗ ГОЛОВИ НА СТРУГА ТРИМ ЛУМ И ГОСТИВАР

Во рамките на подготовките за продолжението од Втората лига – Запад, кандидатите за влез во прволигашкото друштво Струга Трим Лум и Гостивар одиграа меѓусебен натпревар кој заврши со реми без голови.

БРЕГАЛНИЦА УБЕДЛИВА СО ТРЕТОЛИГАШОТ ДЕТОНИТ

Штипска Брегалница стигна до нова победа на тест дуелите, славејќи против третолигашот Детонит со 3-0.

Стрелци на головите за Брегалница беа Ефремов и Ристе Наумов во два наврати.

Се вчитува...