ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Кожуф ја победи Беласица, Слога Виница подобра од Тетекс

Екипата на Кожуф триумфираше против Беласица во пријателскиот натпревар низ подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Гевгеличани славеа со 3-2 на дуелот против струмичани.

Слога Виница, пак, триумфираше со 1-0 на контролниот дуел против екипата на Тетекс. Стрелец на победничкиот гол за Слога Виница беше Воинов.

Се вчитува...