ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: „Лавовите“ ремизираа со Пирин, Охрид подобар од Караорман

Македонија ЃП ремизираше (2-2) на пријателскиот натпревар со бугарскиот Пирин Благоевград кој се одигра во Анталија.

Во главно израмнет дуел, бугарскиот состав поведе уште во 9. минута од средбата, но „лавовите“ израмнија во 20. минута по корнерот од десната страна и одличната реакција на Тантуровски на вториот дирек. Во второто полувреме „лавовите“ поведоа со 1-2 со прекрасен погодок на Петров во 47. минута, но противникот израмни до крајот на дуелот.

Охрид, пак, славеше со 1-3 на дуелот против Караорман во Струга. Струшките „црвено бели“ на стартот од натпреварот поведоа со 1-0. Стрелец на погодокот беше Ивица Ќелешоски. Охридските фудбалери од многуте шанси за изедначување во првиот дел искористија само една, во 45. минута кога Бурхан Алији биеше силно и прецизно од голема далечина и со помош од одбранбениот блок го матираше голманот на Караорман.

Во 60. минута Игор Клечкароски донесе водство од 1-2 за Охрид, а конечните 1-3 ги постави Ален Максути.

Се вчитува...