Пријателски натпревари: Младинскиот тим на Луцерн го совлада Вардар

Прволигашот Вардар претрпе пораз од младинскиот тим на Луцерн до 21 година од 2-1 на подготовките во пресрет вториот дел од сезоната во кој најтрофејниот македонски тим го очекува тешка задача за изборување на опстанок.

Стрелец на голот за Вардар беше Марјан Алтипармаковски од пенал во 78. минута.


Во последниот натпревар пред враќањето во Скопје „црвено-црнтие“ ќе се сретнат со украинскиот премиерлигаш Колос.

Се вчитува...