Шкупи триумфираше со 1-0 на пријателскиот натпревар против Шкендија Арачиново.
Стрелец на победничкиот гол за чаирчани беше најновото засилување на тимот, Магаје Геј.
Пелистер, пак, со 2-0 триумфираше против Охрид на контролниот натпревар кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Битолчани до победата дојдоа со погодоците во 66. минута на Ристовски и на Тодоровски во 90. минута од натпреварот.
Пред стартот на натпреварот фудбалерите на Пелистер се појавија со маички со порака до својот повреден соиграч Јованчо Трајковски: „Јоки, со тебе сме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

