Битолски Пелистер славеше со 2-0 во пријателскиот натпревар против второлигашот Охрид. Битолчани во самиот финиш успеаја да го урнат отпорот на противникот и да стигнат до победа на контролата, со головите во 88. и 91. минута кои беа дело на младиот и талентиран Мартин Андоновски.
Во натпревар со четири црвени картони Струга Трим и Лум и Работнички ремизираа без голови 0-0 на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Имено во 32. минута дојде до инцидент меѓу Ѓуриќ и Цаке од Струга и браќата Марио и Лука Станковски, по кои главниот судија на мечот им покажа директен црвен картон. За издвојување е и тоа што во второто полувреме деби за „романтичарите“ имаше и најновот засилување Никола Прелчец кој дојде од редовите на Борец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА